Славните дами се подготвени да платат многу за да заблескаат на важните настани и јавни појавувања.
Но, нивната услуга и покрај високата цена не е секогаш беспрекорна ниту пак дочекана со воодушевување во јавноста.
Поголемиот дел од актерките, пејачките и манекенките барем еднаш во животот имале „мејк-ап гаф“ на некој важен настан или пак кармин во авангардна нијанса.
Во долгогодишните кариери грешки правеле и латино убавицата Џенифер Лопез, американската актерка Џенифер Анистон, но и манекенката и водителка Тајра Бенкс.
Погледнете ја нашата фотогалерија и проверете колку лошата шминка може да го промени изгледот на една личност - во негативна смисла.