Американското нуклеарно оружје мора да биде вратено на територија на САД! Лавров му порача на НАТО: Нема да распоредуваме ракети во региони каде што нема ваши

Точка

24/02/2021

19:14

2.686

Големина на фонт

а а а

Предлогот на Русија, ракетите со среден и краток домет, на копнено базирање, да не се распоредуваат во региони во кои нема да биде распоредено слично американско оружје останува на сила, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во текот на женевската Конференција за разоружување.

"Воздржаноста во ракетната сфера во услови на прекин на важење на Договорот за ракети од среден и краток домет останува прашање од првостепена важност. Нашиот предлог останува на сила: нема да распоредуваме такви ракети на копнено базирање во регионите во кои не се распоредени слични средства од американско производство. Ги повикуваме државите на НАТО да преземат слични чекори. Нашите конкретни предлози за взаемни мерки на верификација се добро познати", рекол Лавров.

Тој нагласил дека Москва е отворена за дијалог околу прашањето за разоружување со сите држави кои поседуваат нуклеарно оружје, меѓу кои и Велика Британија и Франција.


"Инсистираме Русија и САД и другите учесници во нуклеарната петорка уште еднаш да ја потврдат основната формула дека во нуклеарна војна не може да има победник и дека таа никогаш не треба ни да започне", укажал Лавров.

Инфраструктурата за брзо реагирање на американското нуклеарно оружје во странство мора да биде ликвидирана, подвлекол руски министер.

"Американското нуклеарно оружје мора да биде вратено на територија на САД, а инфраструктурата за негова инсталација во странство, ликвидирана", рекол Лавров.




Спонзорирани линкови

Маркетинг