Научниците успеаја во невозможното, одгледуваат вештачки мозок во лабораторија – се развива исто како човечкиот

Точка

24/02/2021

13:06

3.706

Големина на фонт

а а а

Американците во лабораторија одгледуваат вештачки мозок кој што се развива како човечкиот.

Научниците во лабораторија одгледуваат вештачки мозок кој што се развива како човечкиот, што би можело да овозможи увид во заболувањата како што се Алцхајмерова болест или пак шизофренија.

Американските научници во Лос Анџелес спровеле широка генетска анализа со т.н. органоиди, а на истите им било овозможено да се развиваат и растат во лаборатористи услови и до 20 месеци.

Тоа што научниците го откриле е дека вештачкиот мозок расте во фази кои што се поистоветуваат со развојот на мозокот кај бебињата.

Истражувањето сугерира дека органоидите на вештачкиот мозок можат да се развијат и надвор од феталниот стадиум, што е спротивно на тоа што досега се верувало.

Со оглед на тоа откритие, органоидите можеби можат да созреат до таа мера што научниците ќе почнат да ги користат за истражување на болести на мозокот кај возрасните, како на пример деменција.

Органоидите се создадени со помош на т.н. индуцирани плурипотентни мозочни клетки од кои што може да се развијат многу други типови клетки.

Матичните клетки кои што научниците ги користеле добиени се од клетки на кожата и крвта, а репрограмирани се да се вратат во ембрионална состојба.

Кога клетките ќе се изложат на одговарачките хемикалии и услови, тие се развиваат во клетките во мозокот и се самоорганизираат за да произведат тродимензионални структури кои што се верни реплики на одредени аспекти на развојот на вистинскиот човечки мозок.

Научниците веќе користеле органоиди од човечкиот мозок за проучување на невроразвојни нарушувања, вклучувајќи и аутизам, епилепсија и шизофренија, пренесуваат научните портали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг