(Видео) Спасовски: Приведениот има само една мисла - како да побегне

Макфакс

24/02/2021

11:01

3.148

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински Брифинг зборуваше за пропустите поради кои Сашо Мијалков им беше недостапен на органите за прогон.

"Многу саати се изгубени во подготвувањето на решенијата за притвор и клучот на проблемот е токму тука. Генерално мора да го консолидираме системот. Што значи тоа – ако видите дека во одреден сегмент тој систем не е функционален, тој мора да се подобрува. Тој што е приведен пред лицето на правдата има само една мисла во главата – како да избега и ништо друго. Ние, државата мора да биде подготвена, институциите мора да функционираат да се создаде систем кој што ќе овозможува брза, ефикасна и навремена акција. Системот функционира кога сите заедно, делуваме во одреден момент. Се изврши притисок, се разговараше за постапки на блокада на имот, приведување на лицата кои биле во неговото опкружување. Тоа е притисокот кој што го прави системот во одреден момент. Кога зборувам за неговата нефункционалност и консолидација, треба да видиме кои се сегашните законските норми. Тие го предвидуваат патот по кој што одиме сега, изјави Спасовски во емисијата "Утрински Брифинг" на "Слободна ТВ".

Министерот нагласи и дека тие не сакале во ниту еден момент да преговараат затоа што сметаат дека е направен сериозен криминал и злодело и за тоа треба поранешниот директор на ДБК да одговара.

Спасовски изјави дека Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена, дека тој цело време бил во Скопје и дека биле преземени низа опсежни мерки за негово утврдување.

"Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електронски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај", додаде Спасовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг