Елеганција на четири тркала: Mercedes го претстави новиот C-Class

Точка

23/02/2021

20:27

3.227

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител ја претстави најновата генерација на својот најпродаван и најзначаен модел.

За речиси четири децении колку што постои C-Class, германскиот производител продаде 10,5 милиони вакви возила, па без сомнение тоа е еден од најважните модели на компанијата од Штутгарт.


Новата генерација на C-Class носи значајни промени, пред се во ентериерот на возилото, но и на технолошки и механички план. Кога станува збор за внатрешноста, тука нема некои големи промени, па веднаш може да се заклучи дека станува збор за C-Class.

Најновата генерација на автомобилоот „порасна“, а меѓуосовинското растојание е подолго за 2,5 сантиметри. Како што велат од Mercedes, новиот C-Class овозможува поголем комфор на патниците во целата кабина.


Кога станува збор за внатрешноста, Mercedes целосно го промени ентериерот со воведувањето на големиот централен екран, но и други детали како што се воланот, инструмент таблата, вентилациските отвори и слично.

Центалниот екран на инфотејнмент системот има дијагонала од 11,9 инчи, а пред возачот е поставена и дигитална инструмент табла од 12,3 инчи.


Mercedes внесе доста промени и кога станува збор за моторизацијата, па сега купувачите на располагање имаат исклучиво електрифицирани 4-цилиндарски моторси со 48-волтна технолгија на „благ“ хибрид. Основниот бензинец на C180 е 1,5-литарски мотор со 170 коњски сили, а во врвот на понудата кај бензинските мотори е C300 , односно 2,0-литарскиот агрегат кој испорачува 258 коњски сили.


Германската компанија се уште не се откажува од дизел моторите, па така купувачите на располагање имаат две опции. Послабиот, C220d располага со 200 коњски сили, додека помоќниот C300d развива 265 коњски сили.

Новиот C-Class на Mercedes ќе се појави на пазарот кон крајот на оваа година, а за неколку месеци очекуваме да бидат објавени и цените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг