Шекеринска: Ќе бараме политичка и кривична одговорност за бегството на Мијалков

Точка

23/02/2021

15:30

1.649

Големина на фонт

а а а

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се осврна на бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на кого му се изгуби трагата во пресрет на изрекувањето на пресудата за случајот „Таргег-Тврдина“.

Да потсетиме, полицијата не успеа да го пронајде Сашо Мијалков и да му го врачи решението за домашен притвор во пресрет на изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ закажано за овој петок.

Мијалков беше главен осомничен во случајот во кој се товари за незаконско прислушување и уништување на опрема, кривични дела поради кои му се заканува повеќегодишна затворска казна. Откако му се изгуби трагата, МВР распиша национална и меѓународна потерница, властите најавуваат одговорност за неговото бегство, додека пак позицијата бара оставки.

Денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која заедно со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз е во посета на полигонот „Криволак“, најави политичка, но и кривична одговорност за вмешаните во бегството на Мијалков.

„Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи не смеат и нема да затворат очи. Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкумината кои знаеле ја споделиле таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата“, изјави Шекеринска и додаде:

„Ќе бараме одговорност затоа што веќе прашањето е како државата да обезбеди луѓе што бегаат од правдата да се соочат со правдата, во исто време органите ќе мора да дадат одговор на прашањето кој го информираше Мијалков, кој го обезбеди и овозможи неговото бегство. Извршната власт и правосудните органи во врска со ова не можат ниту да молчат, ниту да бегаат од одговорност“, порача Шекеринска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг