Радев: Во Македонија има повеќе од 100.0000 граѓани со бугарски пасош, нивните права мора да се почитуваат

Точка

23/02/2021

10:40

2.773

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот претседател Румен Радев побара одговор од институциите во Македонија и Бугарија за сигналите добиени од претседателството на етничките Бугари во Македонија, за проблемите со кои се соочуваат.

Според Бугарските медиуми, оваа изјава на Радев е мотивирана од писмото кое го добил од претседателството од етнички Бугари во Македонија, во кое тие изразуваат загриженост за нивната дискриминација во Македонија.

„Повеќе од сто илјади граѓани на Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободна волја и документарно потврдување на нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство. Бугарите во Република Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани на земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди. Овој основен принцип на демократија е вграден во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година“, вели Радев.


Радев ги поддржува барањата до бугарските институции за олеснување на процедурите за добивање на бугарско државјанство за тие со "бугарски идентитет во Македонија".

Бугарскиот претседател бара и институциите во Македонија да обезбедат услови и да го гарантираат правото на Бугарите на слободно самоопределување како Бугари во согласност со меѓународното право.




Спонзорирани линкови

Маркетинг