Чајот од оваа билка е чисто злато: Го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот и изобилува со витамини и минерали

Точка

23/02/2021

10:13

5.274

Големина на фонт

а а а

Копривата е богата со витамини, минерали и лековити материи. Оваа билка е богата со калциум, фосфор, железо и силикатна киселина, а ги содржи и витамините К, Б2 и пантотенска киселина.

Поради тоа се смета за природен мултивитамин кој е одличен за целото тело и го зајакнува организмот. Листот од коприва може да ги олесни ревматските тегоби и значително да ја намали болката при движење, а се користи и како диуретик бидејќи може да ја подобри елиминацијата на натриум и мочна киселина од телото.

Лабораториски испитувања спроведени во Германија во 1999 година покажуваат дека листовите од коприва имаат силен антивоспалителен ефект. Копривата делува против дијареа, а чајот се користи за испирање на уринарните канали, но и превентивно против создавање на камен во бубрезите.


Се покажало дека чајот од коприва може да го намали нивото на шеќер во крвта, па често им се препорачува на дијабетичари. Исто така го снабдува телото со железо, па поволно делува кај лицата кои патат од анемија.

Во надворешната употреба копривата се употребува за лекување на акни, егзема, масна кожа и првут.

Како да припремите чај од коприва?

Потребни состојки:

- 2 лажички листови од коприва

- 250 мл. вода


Начин на припрема:

Свежите или суви листови од коприва прелијте ги во врела вода, поклопете и оставете да отстои 10 минути. Потоа процедете.

Примена:

Консумирајте по една шолја секој ден особено ако патите од ревматски болки, умор, анемија и намален апетит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг