Гејтс за светот после коронавирусот: Дали ни доаѓаат подобри денови?

Точка

23/02/2021

10:12

2.697

Големина на фонт

а а а

Неговата фондација, која ја води со сопругата Мелинда, издвоила 1,75 милијарди долари за истражување и медицински потрепштини во борбата против Ковид-19.

Неодамна вакциниран против Ковид-19, милијардерот и со-основач на "Microsoft", Бил Гејтс, открива за "El Pais" некои свои ставови врзани за постпандемискиот свет.

Вели дека во наредната година во голема мера ќе превладеат најдраматичните ефекти од пандемијата и дека дури следното лето работите ќе се вратат во нормала, под услов да се вакцинира најмалку 70 проценти од популацијата.


Неговата фондација, која ја води со сопругата Мелинда, издвоила 1,75 милијарди долари за истражување и медицински потрепштини во борбата против Ковид-19.

Новинарката Монтсерат Домингез го прашала што мисли за движењата против вакцината и се почестите негодувања на социјалните мрежи?

"Проблемот станува многу сериозен ако тие приказни ги натераат луѓето да поверуваат дека носењето маска или вакцината не се важни. И покрај тажната година за нас, и овие денови, можеме во добри цели да ги искористиме иновациите кои го видоа светлото на денот, како што е РНА техниката", наведува Гејтс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг