Како изгледа чоколадото пред да стигне во наши раце? Девојка споделила шок снимка, изгледа како морско суштество

Точка

22/02/2021

18:56

7.736

Големина на фонт

а а а

Речиси и да нема човек кој не сака чоколадо, но она што не сме го знаеле е како изгледаат мешунките и зрната какао од кои се прави чоколадото.

ТикТок корисничка на својот профил објавила видео како всушност изгледаат мешунките и зрната. Снимката ја прегледале повеќе од 3 милиони корисници, а со тоа видеото станало вирално. Таа го објаснила цел процес: ги земала мешунките, ги извадила зрната и ги испекла.

Видеото предизвикало многу спротиставени мислења, бидејќи некои после гледањето ветиле дека повеќе никогаш нема да пробаат чоколадо. Софија го објаснува процесот.



Таа сакала да го објасни процесот како се прават ситни зрна од какао, но претходно морала да ги пресече и исчисти мешунките и да ги извади плодовите. Кога го направила тоа, покажала како изгледаат зрната и освен што се со средна големина и се меки, луѓето се изненадиле што имаат бела слуз. Софија тврди дека таа бела течност е многу слатка. Меѓутоа, некои се шокирале од тоа како изгледаат машунките во процесот на отварање.

„Зошто помислив дека тоа е морско суштество?“, напишал еден корисник, додека друг одговара дека помислил оти тоа е некое чудно јајце.

„Супер, повеќе никогаш нема да јадам чоколадо, благодарам“, напишал трет ТикТокер.

Инаку, какаото е основна суровина од која се прави омилениот деликатес на голем број луѓе. Благодарение на Софија, сега знаеме како изгледа и што се случува со чоколадото пред да стигне во наши раце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг