Незапаметен скандал во квиз: Натпреварувач дивеел среде студио, фрлал и кршел сè пред себе

Точка

22/02/2021

17:24

4.380

Големина на фонт

а а а

Водителка на популарен квиз останала во неверување откако натпреварувач после изгубените поени почнал да фрла сè околу себе.

Програмата била во живо, па водителката останала затечена, но и сите во студиото. Иако се обидела да се соземе, неколку моменти подоцна побарала од режијата да пушти реклами.

Сето тоа се случило во исландската телевизиска шоу програма „Gettu Betur“, што во превод значи „Погоди подобро“.

Во квизот инаку се натпреварувале два тима ученици од средно училиште или од факултет, но никој не помислил дека еден од нив би можел вака да реагира на точен одговор на противничката екипа.

Ова дивеење во студио станало хит на социјалните мрежи, а на снимката се гледа како натпреварувачот прво фрла чаша вода, потоа го крши пултот, а на крајот го напушта студиото.

Гледачите искоментирале дека тешко ќе биде да се надмине гледаноста на оваа епизода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг