Бројот на 5G корисници ширум светот достигнал 200 милиони

Точка

22/02/2021

15:16

1.097

Големина на фонт

а а а

Бројот на корисници на 5G технологијата ширум светот достигнал 200 милиони, а изградени се 800.000 5G локации.

Тоа е кажано на он-лајн конференцијата на "Huawei" наменета за медиуми и аналитичари, пред најголемиот глобален настан "Mobile World Congress Shanghai 2021" од областа на информационите технологии кој почнува денес и трае до 25-ти февруари, соопштила таа компанија.

Технологијата 5G станува дел од основните производни процеси во индустријата откако 5G апликациите се применети во повеќе од 20 индустрии - производство, здравство, образование и логистика.


Учесниците на конференцијата истакнале дека 5G се развива побрзо од тоа што се очекувало.

Повеќе од 140 комерцијални 5G мрежи се распоредени во 59 земји, а повеќе од 56 проценти од нив ги направил "Huawei".

Во Кина се испорачани повеќе од 68 проценти 5G телефони, а моментално се достапни повеќе од 200 5G модули и индустриски уреди кои ја поддржуваат оваа технологија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг