Кралското семејство стравува: Хари и Меган подготвени за потегот кој го направи покојната принцеза Дајана, а со кој предизвика „бура“ во јавноста

Точка

22/02/2021

13:25

7.694

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари се илјадници километри далеку од Велика Британија, но и понатаму успеваат редовно да ѝ го „качат притисокот“ на кралицата Елизабета.

Покојната принцеза Дајана беше прва која што даваше интервју за американските медиуми и ги откри вистинските причини за разводот, а сега водителката Опра ќе ги отвори темите за бракот и децата, но и ќе ја обелодени вистината за напуштањето на кралското семејство од страна на Хари и Меган.

Меган и Хари овојпат ќе дадат интервју, а како што се наведува во медиумите, материјалот е веќе снимен и премиерно ќе биде емитуван на 7 март на телевизиската мрежа „CBS“.

Темите за кои што американската актерка разговарала со Опра Винфри, пред сè се однесуваат на животот во кралското семејство, но и причините поради кои што таа и Хари се откажале од кралските должности.


Откако Меган и Хари јавно потврдија дека нивниот син Арчи оваа година ќе стане постар брат, во медиумите пристигна и веста за нивното големо интервју. Ексклузивното интервју освен на горенаведената тема, ќе се однесува и на бракот, но и хуманитарната работа со децата.

Палатата не издаде никакво соопштение кое што е поврзано со интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга затоа што откако тие се повлекоа од кралската должност, кралското семејство не е должно да врши такви известувања.

Сепак, тоа не значи дека кралското семејство го одобрува овој нивен потег, пренесуваат британските медиуми.

И кралицата и принцот Вилијам и Чарлс стравуваат дека Меган и Хари пред телевизиските камери ќе раскажат своја верзија од приказната и причината за нивното заминување од кралското семејство, а тоа би можело да го наруши нивниот углед.


Поради оваа ситуација највознемирен е принцот Вилијам поради тоа што тој се сетил на интервјуто кое што неговата покојна мајка, принцезата Дајана, го дала за „BBC“ и во кое што ја открила аферата на принцот Чарлс и Камила Паркер. Тоа беше вистинска медиумска „бомба“, а бурата околу тоа интервју со месеци не стивнуваше, па Вилијам стравува дека Меган и Хари би можеле да направат нешто слично.

Инаку, Хари и Меган последен пат пред телевизиските камери застанаа во месец октомври 2019 година кога Хари отворено призна дека е во лоши односи со својот брат Вилијам и дека веќе подолго време нивните односи не се на иста бранова должина, но нагласи и дека тие сепак се браќа и дека тоа секогаш ќе остане така, но и дека ќе си бидат поддршка еден на друг без оглед на сè. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг