Експедиција Марс: Сè што досега не сте знаеле за „Црвената планета“

Точка

20/02/2021

13:15

3.303

Големина на фонт

а а а

На 18 февруари 2021 година, роверот „Perseverance“ успеа безбедно да слета на површината на планетата Марс.

Неговата задача е да одговори дали некогаш постоел живот надвор од планетата Земја.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Марс и наука – за испишување историја: Роверот на NASA слета на „Црвената планета“, ова се првите фотографии

Ова се интересни факти за планетата Марс:

1. Наречена е по римскиот бог на војната, Марс е четвртата планета во Сончевиот систем.

2. Марс е познат и како „Црвена планета“ затоа што е - црвена. А, бојата потекнува од 'рѓата која што се наоѓа во карпестото земјиште.

3. Марс е втора најмала планета во Сончевиот систем, по Меркур. Во пречник има околу 6.791 километри и двојно е помала од Земјата.


4. На Марс е студено, многу поладно отколку кај нас затоа што се наоѓа најдалеку од Сонцето. На Марс можна е температура од - 140 степени Целзиусови.

5. На Марс се наоѓа најголемата планина во нашиот соларен систем - Олимп Монс. Висока е 24 километри што значи дека е 3 пати повисока од Монт Еверест.

6. На Марс би можеле да скокнеме три пати повисоко отколку на Земјата. Тоа е така поради тоа што гравитацијата е многу послаба.

7. Марс има два природни сателита - едниот се нарекува Фобос, а другиот Дејмос.

8. Денот на Марс трае 24 часа и 37 минути. Една година на Марс е двојно подолга отколку на Земјата и трае 687 земјини денови.


9. До неодамна научниците верувале дека на Марс нема вода, само карпи, прашина и мраз. Но, во 2018 година пронајдени се докази за езеро под јужната поларна ледена кора на планетата.

10. Луѓето сè уште не чекореле на планетата Марс. Досега таму се испратени само вселенски летала. Првото вселенско летало кое што слетало на Марс е „Viking Landers“ кое што се спуштило во 1976 година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг