Емотивни сцени од Нови Сад – знамињата спуштени на половина копје, граѓаните неутешни: „Балашевиќ ќе живее во нашите срца“

Точка

20/02/2021

11:48

3.229

Големина на фонт

а а а

Жителите на Нови Сад и понатаму се простуваат од Ѓорѓе Балашевиќ, палејќи свеќи на плоштадот Слобода на кој што знамињата се спуштени на половина копје во знак на жалост.

Обожавателите на Ѓорѓе и понатаму со неверување палат свеќи во чест на големиот уметник, а некои од нив и тивко ќе кажат некој негов стих од песните оддавајќи му почит.


„Тој ја одбележа мојата младост и затоа со семејството дојдов да му запалам свеќа и да му оддадам последна почит. Особено моментално ми се емотивни неговите стихови: „Доколку починам млад, на гробот посадете ми само рузмарин“.

Тој засекогаш ќе остане жив и ќе живее во нашите срца. Поради тоа се надевам дека семејството ќе му ја исполни желбата и ќе му засади рузмарин покрај гробот. Ти посакувам мирно море панонски морнару“, изјавил некој жител на Нови Сад кој што со својата сопруга и децата бил на плоштадот Слобода за да се прости од саканиот музичар.


Според неофицијалните информации, властите чекаат семејството Балашевиќ да каже кога популарниот музичар ќе биде погребан, а тој датум ќе биде прогласен за ден на жалост.

Да ве потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ почина вчера на 68-годишна возраст во Клиничкиот центар во Војводина како последица на Ковид-19. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг