Сигурни сме дека досега многупати сте слушнале за антиоксидансите, а дали знаете што се тие и поради што се важни за нашиот организам?
Антиоксидансите се молекули кои што се наоѓаат во нашето тело и се во првата одбранбена линија, а главната улога им е заштита на телото од слободните радикали.
Слободните радикали се соединенија кои што му штетат на нашето тело и во крајни случаи доведуваат до развој на болести.
Кога количината на слободните радикали ќе ја надмине количината на антиоксидансите во телото, може да се развие состојба која што се нарекува оксидативен стрес, а тоа може да ја оштети ДНК-та, но и другите важни молекули во организмот.
Кога е оштетена ДНК-та настанува голем ризик од развој на канцер. Освен тоа, докажано е дека оксидативниот стрес е главен виновник за процесот на стареење.
Доколку немаме доволно антиоксиданси во телото, може да дојде до заболувања како дијабетес, срцеви болести и канцер.
Нашето тело има одредена количина антиоксиданси, но тие се наоѓаат во одредени намирници. Овошјето и зеленчукот се одлични извори на витамин Ц и Е, а тие се моќни антиоксиданси.
- суви сливи;
- црно грозје;
- боровница;
- јагоди;
- малини;
- сливи;
- портокали;
- грејпфрут;
- цреши;
- кељ;
- спанаќ;
- брокули;
- јаболка;
- цвекло;
- праски;
- банани;
- манго;
- кромид и лук;
- грашок;
- пченка;
- компир;
- домат;
- морков.