Конте го искоментира инцидентот меѓу Лукаку и Ибра, па му најде мана на херојот: Ериксен е премногу добар…

Дерби

27/01/2021

12:20

1.402

Големина на фонт

а а а

Интер излезе како победник во лудото и драматично градско дерби против Милан во Копа Италија, натпревар кој траеше точно 100 минути на „Сан Сиро“ и пресметка на која беше навистина содржајна во секој поглед.

Покрај трите постигнати гола, видовме жестока пресметка меѓу Ибрахимовиќ и Лукаку, црвен картон за Златан, но и повреда на главниот судија Валери кој истегна мускул и кој мораше да биде заменет од еден од помошниците. За комплетирање на чудниот расплет, во 97-та минута како херој се истакна ѕвездата која доста ретко добива шанса, Данецот Кристијан Ериксен кој испрати спектакуларен шут од прекин за голема победа од 2:1 и пласман во полуфиналето.

По триумфот од 2:1, Конте имаше доста теми на кои може да дава одговори, па иако неговото обраќање беше сеопфатно, тој се сконцентрираше на инцидентот на Лукаку и Ибра и погодокот на Ериксен.

– Ова е дерби, не е прошетка во паркот. Двата тима ја чувствуваат тензијата и кај играчите тоа е посебно истакнато. Јас бев играч и знам каков е темпераментот кога си на теренот, знам како може да влијае адреналинот во ситуации кога си бесен. Добра вест беше тоа што Лукаку беше сконцентриран и фокусиран по инцидентот. Ибра е одлучен да биде лидер, воин и победник, Лукаку расте во тој аспект и можам да бидам само среќен кога гледам дека е „запален“, – изјави Конте, па се осврна на Ериксен.

– Работиме со Ериксен на тактичко ниво, веќе ви кажав дека нема да си оди, но вие како да не сакате да ме разберете. Кристијан е многу интелигентен, има квалитети и многу сум среќен што тој го постигна голот. Тој е многу срамежлив, се надевам дека овој гол ќе го растресе и дека ќе го извади од неговиот оклоп. Сите го сакаме во Интер, тој е многу добар, дури и предобар. Подобро за него ќе биде ако стане поодлучен, – изјави Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг