Барселона ја доби битката на екипите со најдобра одбрана, Фенербахче го „измети“ и Макаби Тел Авив

Дерби

27/01/2021

12:18

732

Големина на фонт

а а а

Екипата на Барселона излезе како победник од битката со Зенит (85-81) во Евролигата, битка на двата состави со најдобра одбрана во натпреварувањето.

Шпанскиот вицешампион покажа повеќе во „Палау Блауграна“ и сосема заслужено дојде до славје со кое само ја потврди лидерската позиција на табелата. Четворица играчи на домаќините беа двоцифрени, најдобар од нив беше центарот Дејвис со 18 кошеви.

Зубков и Гудаитис реализираа по 15 поени за рускиот претставник.

Фенербахче е во страшен налет и за тоа говори седмата победа во низа која ја оствари над Макаби Тел Авив. Клубот од Истанбул славеше со 82-75 во меч во кој Весели уфрли 18, Де Коло 16, а Пјер 15 кошеви.

Брајант со 18 и Вилбекин со 15 беа најистакнати поединци во спротивниот табор.

Останати резултати:

Анадолу Ефес-Црвена Звезда 86-72

Химки-Баерн Минхен 93-95

Милано-Олимпијакос 90-79



Спонзорирани линкови

Маркетинг