Необичен облакодер кој ќе ја смени панорамата на Њујорк

Точка

27/01/2021

12:15

3.137

Големина на фонт

а а а

Турскиот дизајнер Хајри Атак од „Architectural Design“ студиото претстави неверојатен концепт на облакодер кој што потенцијално може да ја смени панорамата на Њујорк.

Засега, силуетата на овој град не поседува ништо слично величествено како што е концептот на облакодерот, додека пак турското архитектонско „чудо“ го опишува како „аморфна структура која што има транспарентен изглед во панорамата на градот“.

Структурата делува органски, како да е направена од глина или пластелин. Нејзиниот дизајнер е инспириран од биолошки концепт, како анатомија и клетки поради што објектот со леснотија се издвојува меѓу бројните други правоаголни згради.


Оваа фирма е позната по структурите кои што неретко ја напуштаат зоната на комфор, а претходно нешто слично на тоа креирале и во Дубаи.

Студиото познато е по величествените облакодери и трансформации на градовите, а оттаму признале дека доколку овој облакодер би бил конструиран, бројката која што би била потребна за да се реализира би имала голем број на нули.

Проектот моментално е во фаза на концепт...




Спонзорирани линкови

Маркетинг