Точка ТВ: Последното евидентирано убиство било во 1997 година, официјален јазик е германскиот, но не го зборуваат – најбезбедната земја во светот

Точка

27/01/2021

10:55

7.199

Големина на фонт

а а а

Во одредено време од нејзиното постоење, постоела можност за изнајмување на целата држава, заедно со принцот.

Со 37.000 жители на површина од 160 километри квадратни, Лихтенштајн спаѓа во една од најмалите држави во светот.

Во државата Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство таму се случило во 1997 година, а во државата има само неколку затвореници.

Погледнете повеќе во видеото:

Секој кој што е осуден на затворска казна подолга од 2 години, го носат во затворот во Австрија.

Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку многу сигурно, што поголемиот дел од нив не ги заклучуваат вратите од своите домови.

Швајцарија некогаш извршила инвазија на Лихтенштајн. Швајцарските војници, околу 170, вооружени со пушки, но без куршуми во текот на воена вежба случајно ја преминале граница.

Еднаш годишно, сите жители на Лихтенштајн се повикуваат на забава, т.е. на пиво во градините на дворецот Вадуз.

Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein“ има иста мелодија како химната на Велика Британија „God Save the Queen“.

Во Лихтенштајн официјален јазик е германскиот, но жителите воглавно не го зборуваат. Поголемиот дел од нив се служат со алеманскиот дијалект. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk