Пресметка на Орбан со Америка! Унгарија воведува забрана на социјалните мрежи

Точка

26/01/2021

17:52

1.580

Големина на фонт

а а а

Унгарската влада денеска соопштила дека ќе воведе одредени забрани на социјалните мрежи за да спречи "намерна, идеолошка" злоупотреба на дигиталните платформи, пред изборите во 2022-ра година.

Министерката за правда Јудит Варга повлекла паралела меѓу сегашните профили на социјалните мрежи на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, откако неговите приврзаници упаднале во Конгресот на 6-ти јануари, велејќи дека технолошките гиганти исто така се обиделе да ја спречат "слободата на говор" на унгарските државни лидери, пренесува "Reuters".

Со доаѓањето на Џо Бајден на чело на САД, "американските технолошки гуруа се пуштени од ланец, а Барак Обама вели дека сопирањето на Трамп не е крај на оваа приказна, бидејќи во светот има многу слични како него, на пример Виктор Орбан", изјавила Варга за про-државниот медиум "Пешти ТВ".


"Либералите работат силно и ќе направат се што е во нивна моќ против владата на Орбан во 2022-ра година", додала таа, алудирајќи дека претстојната изборна кампања ќе биде жестока.

Варга по пат на Фејсбук обелоденила дека ќе има рестриктивни мерки на социјалните мрежи, но не кажала кои чекори ќе ги преземе владата.


Фејсбук и Инстаграм се доминантни социјални мрежи во Унгарија, а потоа доаѓа Твитер.

Твитер профилот на унгарската влада привремено бил суспендиран во септември, поради што владиниот портпарол Золта Ковач се жалел дека технолошките гиганти сакаат да ги замолчат сите кои имаат поинакво мислење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг