Слушнете го звукот на Ford Mustang Shelby GT350

Точка

26/01/2021

16:34

1.514

Големина на фонт

а а а

Доколку уживате во звукот на моќните V8 мотори, тогаш ова е вистинската работа за вас.

Многумина кои се љубители на американските автомобили ќе ви кажат дека Ford Mustang е „вистински автомобил“, често споредувајќи го со неговиот можеби и најголем американски ривал – Dodge Charger.

Може да се каже дека најголемиот дел од луѓето се заљубуваат во овие автомобили токму поради звукот кој го произведува неговата машина.

На видеото подолу можете да слушнете како звучи 5,2-литарскиот V8 мотор кој испорачува 520 коњски сили и 582 Nm максимален обртен момент. Цената на овој Mustang Shelby GT350 изнесува од 50 до 70 илјади долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг