Одел по Месечината, а сега примил вакцина против коронавирус: "Ги замолувам сите да се пријават што побрзо"

Точка

26/01/2021

15:00

1.438

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски астронаут, вториот човек кој одел по Месечната, Баз Олдрин, ја примил денеска првата доза вакцина против коронавирус, само неколку дена пред неговиот 91-ви роденден. Тој притоа апелирал до граѓаните на САД да го следат неговиот пример.

Олдрин им се заблагодарил на лицата задолжени за развојот и дистрибуцијата на вакцините, пренесува "New York Post".

"Ги молам сите да се пријават за вакцина што побрзо можат, за животот да се врати во нормала", порачал Олдрин преку Твитер.

Олдрин ја примил вакцината на Флорида, каде живее откако се пензионирал, пренесува "Florida Today".


Тој е познат по тоа што бил член на мисијата "Аполо 11", кога станал вториот човек, по Нил Армстронг, кој одел по Месечината.

Како што наведува "New York Post", вакцините не му се непознати, бидејќи астронаутите, според податоците на НАСА, пред мисијата "Apolo 11" примиле неколку вакцини - против дифтерија, тетанус, грип, заушки, рубеола, големи сипаници, жолта треска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг