Порије "убаво го истепал" МекГрегор: Лекарите на Ирецот му забраниле да се бори во наредните шест месеци

Точка

26/01/2021

14:17

10.440

Големина на фонт

а а а

МекГрегор ќе мора долго да закрепнува од тешкиот "ќотек" што го доби.

Конор МекГрегор повторно беше силен само на зборови и повторно во рингот заврши на подот, жестоко претепан. Овој пат претрпе пораз од Дастин Порије, кој славел со нокаут во втората рунда.

МекГрегор борбата ја завршил со крваво лице на под, но и со повреда на ногата, која претрпела неколку жестоки удари, па на МекГрегор ќе му бидат потребни барем 180 дена да одмори.


Да не била повредата на ногата, МекГрегор секако ќе добиел забана од 45 дена поради нокаутот кој го претрпе.

Се поставува прашањето што ќе биде со Конор МекГрегор во иднина и со кој би можел да се бори. Тој веднаш по борбата најавил дека би сакал Трилогија против Порије, со кој сега има скор од 1:1 во кариерата.

Како можен ривал се споменува Нејт Дијаз, со кој исто така има 1:1 во кариерата.


Меѓутоа, Мекгрегор ќе мора барем шест месеци да одмара, да закрепнува, а дури потоа ќе може да почне со тренинзи, па нема сомнение дека паузата до неговата наредна борба ќе биде подолга од шест месеци.

Сепак, полесно ќе му биде да закрепнува со петте милиони кои ги заработил од борбата, додека Порије, и покрај победата, заработил "само" еден милион долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг