Кога немате идеја што да си зготвите: Рецепт за најсочните запечени тестенини со колбаси

Точка

26/01/2021

15:07

3.983

Големина на фонт

а а а

Кому не му се познати оние денови кога едноставно немаме идеја што да зготвиме за ручек?

Овојпат ќе ви го претставиме рецептот кој што ќе ве остави без зборови - запечени тестенини со колбаси.

Состојки:

- 500 грама тестенини;
- 2 колбаси; 
- 20 декаграми сирење; 
- 200 грама пасиран домат; 
- 100 милилитри масло за јадење;  
- 2 чешниња лук; 
- зачини: сол, вегета, пипер, чили и власец.

 

Подготовка:

1. Исечканите колбаси испржете ги во масло за јадење. Додадете го исечканиот лук, па прелијте ги со пасираниот домат и посoлете. Мешајте додека смесата не стане густа.

2. Тестенините сварете ги во посолена вода (по желба додадете и малку вегета). Исцедете ги тестенините и измешајте ги во претходно подготвениот сос. Додадете зачини, па сето тоа ставете го во поголем сад за печење.

3. Пред да ги ставите во рерна да се печат додадете го изренданото сирење. Јадењето печете го во рерна на температура од 190 степени. Доволно е да се пече околу 10-на минути.

Јадењето послужете го со зелена салата, а одлично ќе биде и во комбинација со домашна кисела зелка.


Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг