Ништо не може да ја подмлади жената како добра фризура: Ова е најдобриот избор за дамите во 40-те години

Точка

26/01/2021

12:35

5.626

Големина на фонт

а а а

Правилото вели дека со годините, фризурата треба да станува сè пократка.

Фризерите се едногласни – кратката коса многу подобро им прилега на жените во зрелите години, а видеото во продолжение е и доказ за тоа.

Не ви се потребни никакви естетски корекции – доволно е да ја промените фризурата и ќе изгледате драстично помлади. Косата со должина над рамената е добар избор од повеќе причини: пред сè ќе изгледате позаводливо, а цртите на лицето ќе дојдат до израз. Кратката коса го истакнува лицето на правилен начин и му дава младешки изглед.


Фризерите советуваат секогаш да бирате фризури со слоеви бидејќи се многу полесни за одржување. Што се однесува до бојата, најдобро е да се држите до „златната средина“ – одбегнувајте ги платинесто русите нијанси и оние премногу темните и секогш бирајте бои кои изгледаат природно.

Во видеото погледнете ги неверојатните трансформации кои ги доживеале овие жени благодарение на малата промена на нивната фризура:



Спонзорирани линкови

Маркетинг