Најмногу снег на Попова Шапка

Макфакс

26/01/2021

09:36

1.746

Големина на фонт

а а а

Утрово на Попва Шапка има највисока снежна покривка од 40 сантиметри. Според последните информации од УХМР, снег има и во Лазарополе (23 сантиметри) и Маврово (13).

Температурите секаде се над нулата, освен во Лазарополе каде е измерен -1 степен.

Инаку, времето денеска е облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но главно ќе слабеат по интензитет.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На повисоките места ќе се формира снежна покривка, а на планините дополнително ќе се зголеми, но поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Температурата во текот на денот ќе се намалува, па мaксималните вредности на повеќето места ќе бидат оние измерени утрово, во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 5 степени, а преку денот ќе се намалува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг