Бајден за Трамп: Не верувам дека ќе има доволно гласови за негово отповикување...

Точка

26/01/2021

09:32

2.499

Големина на фонт

а а а

Новиот американски претседател Џо Бајден призна дека се мали шансите да има доволно републикански гласови во Сенатот за отповикување на неговиот претходник Доналд Трамп.

„Мислам дека отповикувањето мора да се случи. Тој би имал влијание на законодавната агенда и избор на номинираните за владиниот кабинет“, изјави Џо Бајден за американските медиуми и додаде дека исходот на сослушувањето во Сенатот би бил поинаков доколку на Трамп му останеле уште шест месеци од мандатот.

„Сенатот се промени откако јас бев таму, но не е толку многу променет“, изјави Бајден кој претседаваше со Сенатот додека беше потпретседател во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Претставничкиот дом при американскиот Конгрес го усвои отповикувањето на Трамп, а во текот на вчерашниот ден таа резолуција беше проследена во Сенатот.


Сенатот ќе го започне сослушувањето на 8-ми февруари, соопшти лидерот на демократското мнозинство Чак Шумер. За да биде усвоен импичментот, потребно е двотретинско мнозинство, односно 67 гласови во Сенатот кој моментално е поделен на 50:50 помеѓу Републиканците и Демократите.

Доколку Трамп биде отповикан, иако неговиот претседателски мандат веќе заврши, Трамп би се соочил со дополнителни последици, односно ќе биде оневозможен да се кандидира на следните претседателски избори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг