Срушен големиот мит: Топ 5 причини зошто жените изневеруваат, а зошто мажите - и кога точно почнува неверството!

Точка

25/01/2021

19:30

4.520

Големина на фонт

а а а

Откриени се петте главни причини зошто жените изневеруваат, како и фактот дека жените 'почнуваат да лутаат' отприлика после третата година од бракот - се покажало во новото истражување на страницата „Illicit Encounters“, спроведено на 2.000 луѓе.

Освен тоа, во него се анализирани и митовите на мажите за изневерување, а високо на скалата и кај едните и кај другите е досасата во односот, пренесува „The Sun“.

Повеќето мажи кои учествувале биле верни, но имало и такви кои не биле толку многу посветени. Интересно е тоа што причините зошто мажите изневеруваат биле многу различни, а момците недостатокот од секс го именувале како главна причина за изневерување на постојаната партнерка, додека жените не го навеле истото во своите пет причини.

Студијата срушила и еден популарен мит - дека на мажите им е потешко да останат верни. Имено, тие 'тргнуваат во неверство' обично после 3 години и 10 месеци брак, односно подоцна од жените.


Топ 5 причини зошто жените изневеруваат

- Досада (немаат теми за разговор со партнерот)
- Се оддалечуваат поради поминување премногу време заедно за време на карантинот
- Поврзување со поранешниот партнер преку социјалните мрежи
- 'Се променив во бракот'
- Се случи бидејќи бев пијана 

Топ 5 причини зошто мажите изневеруваат

- Потребно им е повеќе секс
- Досада
- Премлад сум само за една партнерка
- Запознав некој друг надвор
- Мојот пријател изневери, па се чувствував како нешто да пропуштам 


Изгледа дека затворањето дома резултира со лоши односи помеѓу партнерите и меѓусебно оддалечување. Интересно е тоа што, иако изневеруваат, повеќето луѓе кои го прават тоа остануваат со партнерот, а како главна причина за останувањето ги наведуваат лошите финансии и фактот дека не можат да си дозволат самостоен живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг