Мечка со сите сили бркала скијач во Романија: Со еден досетлив потег успеал да се ослободи од неа!

Точка

25/01/2021

19:16

5.562

Големина на фонт

а а а

Спустот речиси трагично завршил за еден скијач во Романија, откако мечка го бркала додека бил на стаза.

Дел од скијачите кои биле на жичарата го набљудувале овој немил настан.

Како што може да се забележи, мечката трчала по патеката обидувајќи се да го фати младиот човек кој се спуштал по неа.

Момчето во паника ја зголемило брзината, а луѓето кои биле на жичарата се обидувале со извици и свиркања да ѝ го одвлечат вниманието на мечката. Сепак, таа не сакала да се откаже од својот плен.

За среќа, скијачот се сетил дека има ранец на грбот и успеал да го фрли за донекаде да ја успори мечката.

Ова сепак го збунило животното, кое запрело покрај ранецот и почнало да го кине, веројатно во потрага по храна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг