Абрамович излезе со реакција за отказот на Лампард и испрати јасна порака

Дерби

25/01/2021

18:29

3.108

Големина на фонт

а а а

Челси ова попладне ги потврди најавите на англиските медиуми и потврди дека Френк Лампард повеќе не е менаџер на првиот тим, па во моменти кога само се очекува ново соопштение за потврда на ангажманот на Томас Тухел, во фокусот се најде изјавата која ја даде Роман Абрамович.

Самиот Лампард пред извесно време нагласи дека во оваа втора етапа како менаџер има далеку поладен и подалечен однос со газда Роман со кого беше навистина близок додека беше играч на тимот, па во период во кој комуникацијата меѓу нив беше сведена на минимум, навистина позитивно е што Абрамович одлучи да испрати порака и достојно да се прости од легендата.

Газдата на Челси потенцира дека му било навистина тешко да донесе одлука за отпуштање на младиот англиски менаџер, откако со своите резултати оваа сезона ни одблиску не ги оправда очекувањата по силните вложувања во летниот преоден рок.

– Ова беше навистина тешка одлука за клубот, јас имав одлична соработка со Френк и имам огромна почит кон него. Тој е човек со голем интегритет и има фантастична работна етика. Сепак, во актуелната ситуација, под околностите кои се создадоа, сметам дека најдобро е да направиме менаџерска промена.

– Во името на сите во клубот, на бордот на директори и лично, сакам да му се заблагдарам на Френк за неговата работа како тренер и му посакувам многу успех во иднина. Тој е важна икона во овој голем клуб и неговиот статус останува недопрен. Тој секогаш ќе биде добредојден на „Стемфорд Бриџ“, – изјави Абрамович.



Спонзорирани линкови

Маркетинг