На некои им е по вкус, а на некои не: Откриена „супернамирница“ која го продолжува животот

Точка

25/01/2021

16:31

2.567

Големина на фонт

а а а

Повеќе не мора да се чувствуваме виновни додека јадеме сирење, особено сега кога научниците конечно ја пронајдоа врската помеѓу пробиотикот во сирењето и долговечноста.

Имено, бактеријата Propionibacterium freudenreichii која што настанува при процесот на ферментација на сирењето, го зајакнува имунолошкиот систем и ги намалува воспаленијата во организмот.

Истата таа бактерија е пронајдена и во млекото, а познато е и дека токму таа ги успорува знаците за стареење.


Истражувањето кое што го правеле истражувачи од Универзитетот Кореја во Сеул, покажало дека овој пробиотик навистина го зајакнува нашиот имунолошки систем и позитивно влијае на нашиот целокупен организам.

Да, сега сирењето може да го јадете без да чувствувате грижа на совест, но секако дека треба да бидете умерени во неговото консумирање.

Едно претходно истражување покажало дека сирењето влијае позитивно и на нашиот слух.


Научниците веруваат дека сирењето содржи хемиска супстанција која што би можела превентивно да делува кај глувите луѓе, доколку штетата е предизвикана од силен звук.

Научниците тестирале 600 војници кои што секојдневно јаделе сирење и дошле до заклучок дека пробиотикот кој што се наоѓа во сирењето помага да се врати сигналот во дел од мозокот кој што го контролира слухот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг