Треба да бидеме среќни затоа што на Земјата ова го нема: 5 „застрашувачки“ работи кои се случуваат на друго место во универзумот

Точка

25/01/2021

12:25

3.717

Големина на фонт

а а а

На нашата планета се случуваат многу работи, но за среќа сè уште постојат работи кои што тешко може да замислиме дека би се случиле тука. Сепак, тоа не значи дека истите не се случуваат на некое друго место во универзумот.

1. Две Сонца

Во една од најпознатите сцени на популарната научнофантастична франшиза „Војна на ѕвездите“, Лук Скајвокер на својата родна планета Титан стои загледан во хоризонтот на кој што се наоѓаат две Сонца. Сепак, тоа не е само научна фантастика. Планетата Кapler-16b орбитира околу две големи Сонца, па на неа навистина би имале неверојатно искуство затоа што „по вас секогаш би оделе две сенки“.

2. Океани длабоки до неколку стотици километри

Тоа што планетата Gj1214b ја прави поразлична од останатите е тоа што таа речиси во целост е покриена со вода, а најдлабоката точка на нејзината водна површина е околу 100 километри за разлика од таа на Земјата, чија најдлабока точка Маријанската бразда - е на длабочина од 11 километри.

3. Дожд од камења

Баш како и на нашата планета, така и на планетата CoRoT-7b паѓа дожд, меѓутоа малку поразличен од нашиот. Имено, со оглед на температурата на планетата која што е висока во атмосферата се акумулираат камени облици кои што потоа произведуваат камен дожд.


4. Сурови временски услови

На планетата HD189773-b ветровите се побрзи речиси седум пати од звукот, што значи дека времето на оваа планета е неверојатно сурово. Меѓутоа, тоа што е интересно е дека на оваа планета паѓа „стаклен дожд“.

5. Гасовити мориња и реки

Сатурновиот сателил Титан има температура од -179 степени и на својата површина има вода. Меѓутоа, водата е толку тврда што е како камен. Поради ниските температури, гасовите како метанот стануваат потечни, па морињата, езерата и реките на оваа планета се составени од слични гасови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг