Кинеските спасувачи извлекоа 11 рудари: 14 дена беа заробени во рудникот, а еве како изгледаше спасувачката акција

Точка

24/01/2021

11:31

1.571

Големина на фонт

а а а

Кинеските спасувачки служби извлекоа 11 рудари на безбедно, откако 14 дена поминаа заробени во рудник после експлозијата која им оневозможи да излезат низ окното, пренесува “CCTV”.

На видео снимката која е објавена, може да се види како спасувачките служби утринава го извлекуваат првиот рудар. Тој бил во исклучително лоша здравствена ситуација и веднаш бил пренесен во болница.

После него, извлечени се уште тројца рудари од различни секции во рудникот, од кои едниот бил повреден. До вечерта биле извлечени уште неколкумина рудари со што вкупниот број на спасени изнесува 11.

Да потсетиме, експлозијата во рудникот во провинцијата Шандонг се случи на 10-ти јануари. Од 22 рудари кои се заробени на длабочина од 600 метри под земја, еден почина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг