Казнети 226 возачи во Скопје

Макфакс

23/01/2021

14:02

578

Големина на фонт

а а а

Полицијата за еден ден казнила 226 возачи во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 казна за користење на мобилен телефон.

Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за непочитување на брзината на движење и 71 мерка за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг