Закопчана до грло, но неверојатно ефектно: По Меланија, и кралицата Летиција ги воодушеви модните критичари со волшебно црно издание

Точка

23/01/2021

14:20

3.079

Големина на фонт

а а а

Убавата шпанска кралица повторно ја воодушеви јавноста со елегантното, монохроматско модно издание.

Шпанската кралица Летиција овие денови не се појавуваше многу често во јавноста, односно од свечената воена прослава во мадридската палата Зарзуела, па наваму.


Сепак, очигледно дека и тоа ќе се смени, со оглед на тоа што кралицата повторно блеска.

Елегантната Летиција вредно ги извршувала своите кралски должности, а последното јавно појавување во низа го одбележа токму со својот моден избор.

Овојпат таа одлучила да носи црна боја – од глава до пети.


Убавата кралица носела фустан од брендот „COS“, а тука е и кожниот ремен со потпис на модната куќа „Burberry“ кој што е детаљ кој што перфектно ја нагласува нејзината складна фигура.

Летиција носела и наметка „Hugo Boss“, која што одлично се вклопила во овој едноставен, елегантен, а многу ефектен стајлинг.


Шпанската кралица сето тоа го заокружила со обувки, високи чизми од превртена кожа од брендот „Steve Madden“.

Целосниот црн монохроматски стајлинг пред неколку денови во Белата куќа го носеше и поранешната прва дама Меланија Трамп, но и новата потпретседателка на САД Камала Харис, а и двете ги воодушевија модните критичари со нивниот избор, како што сега тоа го направи кралицата Летиција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг