Дурент за Баркли: Зошто некој бара мислење од тој идиот

Макфакс

23/01/2021

13:23

1.791

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, остро му реплицирал на легендарниот играч Чарлс Баркли, кој неодамна изјави дека професионалните спортисти меѓу првите би требало да ја примат вакцината против коронавирусот.

Изминатата недела многу натпревари во НБА лигата беа одложени поради коронавирусот.

„Не разбирам зошто некој сака да слушне што мисли тој идиот“, рекол Дурент.

Кошаркарот на Бруклин, поради тешка повреда воопшто не играше минатата сезона, во тековната кампања во НБА лигата тој има просек по натпревар од 31,3 поени, 7,5 скока и 5,9 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг