Во Москва како и во бројни други градови во Русија денеска се одржуваат протести против апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Медиумите пренесуваат дека е уапсен голем број на демонстранти, а полицијата апси и деца.
На снимката која се појави на социјалните мрежи, може да се види како полицаец влече дете, а потоа им го предава на другите негови колеги кои се опремени со опрема за разбивање на демонстрации.
“The Moscow Times” пренесува дека деца и млади луѓе се апсат во Москва, а како потврда на тоа се појави и видеото подолу од апсењето кое ја згрози Русија и светот.
⚡️⚡️⚡️ Очень жесткое задержание ребенка в Москве.
— ОВД-Инфо (@OvdInfo) January 23, 2021
Видео: Avtozak LIVE pic.twitter.com/0kA4Vc7PM2