Гости седнале во угостителски објект во Гостиварско во 23:00, државниот пазарен инспекторат веднаш реагираше

Точка

23/01/2021

12:59

1.307

Големина на фонт

а а а

Во четвртокот престана да важи одлуката за работа на угостиелските објекти до 18 часот.

Оваа одлука беше донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19.

Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, секоја мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните.

Сепак, не сите угостителски објекти чекаат одлука од Владата за продолжување на нивното работно време. Вчеравечер беше затворен угостителски објект во селото Градец, општина Врапчиште откако полицијата затекнала гости во 23 часот.

„Вчера во 23.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец. При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица“, велат од полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг