Славниот Мет Дејмон ја продава својата вила за 21 милион долари – сè е во знакот на елеганцијата и бохо стилот...

Точка

23/01/2021

12:40

2.167

Големина на фонт

а а а

Актерот одлучил со своето семејство да се пресели во Лос Анџелес, па поради тоа го продава својот луксузен имот кој на многумина би им се допаднал.

Познатиот актер Мет Дејмон, одлучил да си замине од Лос Анџелес и да ја продаде својата вила за неверојатни 21 милион долари.

Филмската ѕвезда го продава имотот кој што се наоѓа во популарниот Pacific Palisades кој во 2012-та година го купил за 15 милиони долари.


Вилата се протега на 1.000 метри квадратни со сите свои поволности кои што може да ги поседува еден холивудски дом на позната личност.

Во вилата има 7 спални соби, 10 купатила, базен, теретана, сауна, центар за масажа, вински подрум.

Во дворот има и езеро со многу риби за кои што велат дека носат среќа. Ентериерот на вилата е уреден во бохо стил, со елегантни примеси.


Според информациите на еден од агентите за недвижнини, Дејмон планира да се пресели со својата сопруга Лусијана Баросо и четирите деца во пентхаус во Бруклин Хајтс во Њујорк, кој што го купил за 16 милиони долари.





Спонзорирани линкови

Маркетинг