"Заклучувањето кое го шокираше светот": Една година подоцна, еве како денеска живее Вухан

Точка

23/01/2021

12:14

2.853

Големина на фонт

а а а

За да го сопрат ширењето на пандемијата од нејзиното средиште, кинеските власти пред точно една година "целосно го заклучија" градот Вухан, а потоа и другите градови во провинцијата Хубеј.

Светската здравствена организација, иако оценила дека целосната изолација на градот во кој бил забележан првиот случај на зараза со коронавирус на светот ги надминала препорачаните насоки, го пофалила тој потег нарекувајќи го "без преседан во историјата на јавното здравје".

Во рок од неколку часа целосна забрана за движење во Вухан, град со 11 милиони жители, ограничувања на патувањата исто така биле наметнати во Хуанганг и Ежуу, за на крајот истата судбина да ја дочекаат и останатите 15 градови од провинцијата Хубеј, што директно влијаело на животите на 57 милиони луѓе.

Само еден член на домаќинството еднаш во два дена смеел да оди во набавка на основни намирници или во аптека.

Мерките почнале да попуштаат кон средината на март мината година, кога три градови во провинцијата ја укинале забраната за патување внатре во своите административни градници, за заклучувањето на Вухан официјално да заврши на 8-ми април.

Западната јавност била многу скептична кон мерките наметнати во кинеската провинција Хубеј, а кога пандемијата се проширила во целиот свет, слични мерки биле донесени насекаде.




Спонзорирани линкови

Маркетинг