Трамп Помладиот: "Се враќаме на војните, прв ден"

Точка

22/01/2021

21:33

3.977

Големина на фонт

а а а

Синот на довчерашниот претседател на САД, Доналд Трамп Помладиот, реагирал поради терористичките напади во Багдад во кои загинале 32 лица, а 110 биле повредени.

"Се враќаме на војните, прв ден", напишал Трамп Помладиот на Твитер, така поврзувајќи ги нападите со стапувањето на должност на новиот претседател на САД, Џозеф Бајден.

Новата администрација на Џо Бајден би можела да ги искористи неодамнешните терористички напади во Багдад за да го зголеми военото присуство во Ирак.

Потсетуваме, една од карактеристиките на американската надворешна политика под Доналд Трамп била повлекување на американските трупи од меѓународните судири.

Трамп Јунуор напишал дека поради новите немири "се радува вашингтонското мочуриште/војна Доо", алудирајќи на делови од администрацијата и американската воена индустрија.

Тој со својот твит споделил и линк кон текстот на "Jerusalem Post", кој вели дека нападите во Багдад се "првата надворешнополитичка криза со која се соочува Бајден" и дека тоа е "брза можност да се поддржи Ирак".

Екс претседателот Трамп во својот последен говор на функција рекол дека е посебно горд што "не започнал ниедна војна".

Трамп е првиот американски претседател по Џими Картер, чиј мандат траел од 1977-ма до 1981-ва година, кој не започнал напад на некоја држава или интервенција во странски конфликт.

Некои блиски соработници на Бајден, како што е Ентони Блинкен, претходно рекле дека САД мора да ги задржат своите трупи во странските конфликти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг