Мафини со мед – толку сочни и вкусни што ќе заборавите на сите други десерти

Точка

22/01/2021

20:45

2.916

Големина на фонт

а а а

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусен десерт со кој ќе ги засладите зимските денови.

Потребни состојки:

- 3 јајца

- 70 гр. шеќер

- 1 ванилин шеќер

- 80 гр. путер

- 90 гр. мед

- прстофат каранфилче и мускатно оревче

- 1 лажичка цимет

- 1 лажичка зачин за медени колачиња

- 1 лажичка кора од портокал

- 100 мл. млеко

- 260 гр. просеано брашно

- 1 прашок за пециво

- џем со вкус по желба (за полнење)


Начин на припрема:

1. Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го истопениот путер, медот и млекото.

2. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, а потоа соединете ги со смесата од јајца и матете додека не добиете хомогена смеса.

3. Наполнете ги калапите за мафини до половина.

4. Додајте по една лажичка џем во секој мафин и прекријте со уште малку смеса.

5. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 Целзиусови степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг