Тајната на љубовните вештини на Памела Андерсон: Секс-бомбата вели дека овие луѓе се многу подобри во кревет од останатите

Точка

22/01/2021

20:24

4.095

Големина на фонт

а а а

Холивудската секс-бомба Памела Андерсон е веганка веќе 30 години и неуморно се бори за правата на животните, а гостувајќи во ТВ емисијата „Good Morning Britain“ изјавила дека верува дека луѓето кои не јадат месо се многу подобри во кревет.

„Веганството дефинитивно влијае позитивно врз љубовните вештини. Тоа сум го слушнала многу пати од други луѓе, а и самата сум веганка, па прилично сум сигурна во таа изјава и апсолутно се согласувам со тоа тврдење. Но, исто така мислам дека секогаш многу добро сум се забавувала во тоа подрачје“, рекла некогашната ѕвезда на ТВ серијата „Чувари на плажата“.


Холестеролот од месото, јајцата и млечните производи предизвикува затворање на артериите, го забавува протокот на крвта во сите органи, а не само во срцето, тврди актерката. Веганството може да го подобри целокупното здравје и да ја зголеми издржливоста во спалната соба.

„Здравото тело е секси тело, а јадењето месо не е здраво. Тоа е поврзано со болести на срцето, дијабетес, мозочен удар и дебелеење кои се главни предизвикувачи на еректилна дисфункција“, напишала 53-годишната Памела на Твитер.

„Но, можете да имате високо ниво на холестерол дури и ако сте вегани, ако јадете погрешна храна“, коментирал водителот Морган, кој се обидел да ѝ противречи на актерката тврдејќи дека тој „како вистински месојад нема проблеми во спалната соба“. Но, Андерсон не дозволила да се збуни, па продолжила да инсистира на предностите на растителната исхрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг