Сите знаеме дека е одличен по здравјето, но чајот од камилица може да предизвика бројни нуспојави – еве какви

Точка

22/01/2021

15:58

2.228

Големина на фонт

а а а

Иако нуспојавите не се чести, чајот од камилица може да предизвика повраќање, поспаност и алергиски реакции како проблеми со дишењето, иритација и оток на устата, јазикот или лицето.

Чајот од камилица не се препорачува за лицата кои се алергични на париче (бела рада), астер, хризантема или амброзија. Тој исто така може да реагира и во комбинација со некои лекови, па внимавајте доколку ги користите следните медикаменти:

Антикоагулантни средства и антиагрегативни лекови како варфарин, клопидрогел и аспирин – користењето на овие лекови заедно со чај од камилица се поврзува со висок ризик од крварење.


Лекови за регулирање на крвен притисок – камилицата може да предизвика загрижувачки низок притисок доколку се меша со овие лекови.

Лекови за дијабетес – се зголемува ризикот од хипогликемија или екстремно ниско ниво на шеќер во крвта.

Седативи (барбитурати, антидепресиви, бензодиазепини и лекови против срцев удар) и лековити билки (валеријана) – нивната сила може значително да се зголеми кога воедно се консумира и чај од камилица.


Лекови кои се разградуваат во црниот дроб како статини, антимикотични лекови и фексофенадин – црниот дроб ја разградува камилицата и постои можност да реагира со лекови кои ја вршат сличната улога.

За да избегнете појава на несакани ефекти, направете алерго тест или консултирајте се со својот лекар за да знаете дали вашето тело може да ја поднесе оваа билка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг