На Трамп му се закануваат поради убиениот генерал Сулејмани: Се шири фотографија од Трамп во сенка на бомбардер направена во "Фотошоп"

Точка

22/01/2021

15:26

3.482

Големина на фонт

а а а

Иранската новинска агенција "Тасним" на Твитер објавила фотографија во Фотошоп од Доналд Трамп како игра голф во сенка на стратешкиот бомбардер "B-2" со повик на одмазда поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани. Во твитот се наведува дека одмаздата ќе дојде во вистинскиот момент.

"Одмаздата е неизбежна", се наведува во Твитот, а тоа е цитат на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи, кој во декември ветил дека ќе се одмазди за смртта на највисокиот воен заповедник, генерал Касим Сулејмани.

Сулејмани бил убиен во напад со американски дрон на конвој возила на меѓународниот аеродром во Багдад на 3-ти јануари 2020-та година, по налог на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Тоа довело до ескалација на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Иран потоа нападнал американски воени објекти во Ирак.

Многу корисници на Твитер реагирале на објавата на иранските медиуми, порачувајќи му на извршниот директор на Твитер, Џек Дорси дека објавата се противи на политиката за говор на омраза на платформата.

Твитер е првата социјална мрежа која го деактивирала профилот на Доналд Трамп по нередите во САД на 6-ти јануари, наведувајќи дека американскиот претседател ги прекршил правилата за поттикнување на насилство. Трамп го осудил насилството и им кажал на своите приврзаници да го напуштат тоа подрачје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг