Филипче потврди: Во Македонија не е присутна новата мутација на коронавирусот

Точка

22/01/2021

13:20

2.427

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска потврди дека новата мутација на коронавирусот која неодамна се појави во Велика Британија, не е присутна во земјава.

Како што откри првиот човек на македонското здравство, резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажале дека во Македонија не е присутна новата мутација на коронавирусот.

„Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, ние сѐ уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерки за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки“, изјави Филипче.

Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините со Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат во Македонија.

„Сметам дека ние тука сосем добро може да го спроведеме процесот на имунизација и благодарам на поканата, но ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани“, рече Филипче.

Тој вели дека измената во Законот за лекови доаѓа по специфичното барање на „Фајзер“ кое е донесено на глобално ниво.

Во однос на мерките и препораките за заштита од коронавирусот, Филипче нагласи дека тие продолжуваат да бидат на сила и покрај намалениот број на новозаболени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг