Карагер сурово искрен по вчерашниот пораз на Ливерпул: Титулата се лизга од раце…

Дерби

22/01/2021

12:46

949

Големина на фонт

а а а

Поранешниот легендарен фудбалер на Ливерпул, а сегашен стручен коментатор за „Скај Спортс“, Џејми Карагер мораше да се соочи со вистината по новото катастрофално издание на Ливерпул.

„Црвените“ претрпеа пораз од Барнли, прв по 68 натпревари непобедливост на домашен терен, а ја продолжија и негативната серија од четири последователни натпревари на кои немаат постигнато погодок.

По овој неуспех, Карагер призна дека шансите Ливерпул да ја одбрани титулата се губат во многу брзо време.

– Зборуваме за слаба форма на играчите, а Јирген Клоп оекувано ги бранеше играчите кои досега играа толку добро за клубот. Но, можам да кажам дека титулата полека се лизга од раце. Ќе биде многу тешко да се одбрани титулата по ваквиот лош период.

– Разликата до врвот е шест поени, може да биде надополнета, но поради формата во која е Ливерпул и натпреварите кои им следат, тешко дека ќе биде сторено тоа. Верувам дека ќе понат да се грижат и за место во топ 4 и тоа многу повеќе отколку што би се грижеле за титулата. Мора што побргу да се вратат на победничките патеки пред и дефинитивно да се откажат од одбраната на титулата, - изјави Карагер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг