Две имиња се издвојуваат како можни наследници на Лампард, Абрамович е подготвен да чека

Дерби

22/01/2021

12:45

1.750

Големина на фонт

а а а

Екипата на Челси игра уште една лоша сезона во која како што стојат работите ќе останат без борба за шампионската титула.

Тоа беше цел на Роамн Абрамович и луѓето во клубот кога вложија над 200 милиони фунти за засилувања во летниот преоден рок. Сепак, тренерот на клубот, Френк Лампард не ги исполни очекувањата, па Челси сега е далеку од врвот со серија катастрофални резултати зад себе.

Токму ваквиот расплет на околностите сериозно ја разниша тренерската клупа на Лампард кој се наоѓа на „тенок лед“, па уште неколку киксеви и би можел да добие отказ од клубот.

Еминентниот „Скај Спортс“ пишува дека Роман Абрамович има две имиња како можни наследници на Лампард на клупата. Станува збор за германските тренери Томас Тухел кој е слободен по заминувањето од ПСЖ и Јулијан Нагелсман кој е под договор со Ред Бул Лајпциг и кого Челси ќе мора да го чека најмалку до крајот на сезонава.

Наводно Абрамович е подготвен да го чека Нагелсман, а во меѓувреме како привремен тренер да го назначи Аврам Грант кој своевремено седеше на клупата на Челси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг