Флорида е нејзина... Меланија отвори ново животно поглавје во „разигран“ миди фустан, но луѓето не престанаа да се шегуваат

Точка

22/01/2021

11:46

5.040

Големина на фонт

а а а

Инспирација нашла во модата од 60-тите и 70-тите години, а во вакво издание не може често да се види.

Меланија и Доналд Трамп вчера пристигнаа во Флорида по напуштањето на Белата куќа и Вашингтон.

Откако го напуштила својот дотогашен дом во црн костим од „Шанел“ и фустан од „Долче и Габана“, со омилените чевли на Кристијан Лобутин, поранешната прва дама на САД пристигнала во сончевите краишта во разигран, свилен фустан со мотиви на шестаголник кој што го потпишува модната куќа „Гучи“.


НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Меланија Трамп ја напушти Белата куќа како вистинско модно совршенство - со висок стил и брендирани модни парчиња

Ваквите модели на фустан Меланија ретко ги носи, па можеа да се чујат коментари дека сакала да отвори ново животно поглавје, поразлично од претходното.

Инспирацијата за овој стајлинг ја нашла во модните 60-ти и 70-ти, а фустанот може да се најде по цена од 3.700 долари.


На нозете носела сини балетанки кои чинат 625 долари, а косата ја носела во пунџа, додека црните очила за сонце постојано ги носела.

Меѓутоа, на многумина овој стајлинг не им се допаднал, па на социјалните мрежи почнаа да се шират разни шеги на сметка на поранешната прва дама на САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг